На 25 јануари во 12:00 часот во „Спомен куќата Тодор Проески“ во Крушево под мотото „Тоше живее во песните, во срцата и во вечноста“ ќе биде одбележувањето на 45-от роденден на Тоше Проески.
Во поканата на НУ „Спомен куќата Тодор Проески“ – Крушево се вели:„ Дојдете да пееме заедно, да создадеме спомени и да го продолжиме делото на нашиот Тоше.
Тој нè научи на љубов и несебичност. Во негова чест, овој пат се обединуваме преку пишаниот збор и хуманоста на дело.
Придружете ни се на промоцијата на новата книга посветена на Тоше, а воедно покажете ја вашата благородност на крводарителската акција во соработка со Црвен крст – Крушево.
Хуманоста нема граници, исто како и споменот за него.“
Влезот е слободен за сите кои сакат да бидат дел од овој настан.















