„ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН“ ПРИКАЖАНА ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Синоќа во киното „Мис Стон“ во Прилеп публиката присуствуваше на првата проекција на документарниот филм „Приказната за Силјан“ во Прилеп. На проекцијата присутвуваше и режисерката Тамара Костовска, која пред проекцијата обраќајќи им се на присутните кажа дека е среќна што филмот се прикажува во градот во кој е родена и кој го чувствува за свој. После проекцијата имаше прашања за режисерката Костовска и нејзино дружење и фотографирање со публиката. Публиката го напушти киното полна со импресии од филмско остварување.
Да потсетиме „Приказната за Силјан“ е документарна бајка инспирирана од македонскиот фолклор од 17 век. Филмот ја следи судбината на земјоделецот Никола и неговата неочекувана врска со бел штрк со повредено крило – метафора за човечкиот опстанок, нежност и надеж. Ова е наградуван, силно визуелен и медитативен филм, откупен од National Geographic.


Сподели на социјалните мрежи