Во деновите што претстојат, од 27 до 31 јануари 2026 година, сцената на НУ Народниот театар Битола ќе биде исполнета со жива театарска магија.
Битолскиот театар на публиката ѝ нуди недела исполнета со смеа, емоции и силни драмски приказни – репертоар што ја слави уметноста на театарот преку претстави наменети за различни генерации и вкусови.
Репертоар на НУ Народниот театар Битола:
- 27.01.2026 (20:00 ч.) – „Сомнително лице“, режија: Деан Дамјановски
- 28.01.2026 (20:00 ч.) – „Странецот“, режија: Дамјан Читкушев
- 29.01.2026 (20:00 ч.) – „Ако останеш дома“, режија: Јовица Ристовски
- 30.01.2026 (20:00 ч.) – „Ноќта кога ја убив месечината“, режија: Марјан Геoргиевски
- 31.01.2026 (20:00 ч.) – „Сомнително лице“, режија: Деан Дамјановски














