ПРВИТЕ ИЗВЕДБИ НА „ЦРНИЛА“ ВО 2026 ГОДИНА ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ја започнува новата календарска година со изведба на претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски.

Претставата ќе се изведува на 29 и 30 јануари, со почеток во 20:00 часот, на „Сцена 105“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Режисерот Дејан Пројковски, најавувајќи ја премиерата, истакна дека „Црнила“ се занимава со судирот меѓу индивидуата и колективот, со прашањата за личната среќа, љубовта и моралот, но и со поделбите како една од најдлабоките болки во македонската историја. Тој нагласи дека театарот треба да биде храбар и да проговори за темите што сите ги знаеме, но често ги премолчуваме.

Во создавањето на претставата учествува следниот авторски тим:
Режија: Дејан Пројковски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Марија Пупучевска
Музика: Горан Трајкоски
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Дизајн на плакат: Сергеј Светозарев

Актерската екипа ја сочинуваат: Сара Спиркоска, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Александар Степанулески, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски и Илија Волчески, како и децата: Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски и Ива Малинческа.


Сподели на социјалните мрежи