На 31 јануари 2026 година (сабота), со почеток во 19:00 часот, во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, публиката ќе има можност да проследи stand-up спектакл со две претстави во една вечер, по цена од една претстава.
На сцената ќе бидат изведени комедијата „Брзо, викај полиција“, со препознатливите ликови Миле Џандарот и Гиле Гилиптерот, како и соло шоуто „ERROR 404“ на Жарко Јовановиќ. Преку хумор, сатира и имитации, програмата ги допира секојдневните апсурди и карактеристични општествени појави, нудејќи вечер исполнета со смеа и динамична сценска енергија.
Настанот најавува урнебесна атмосфера и интеракција со публиката, а билетите можат да се обезбедат на 078234282 и 071222011, во кафе Стори, кафе Кодекс, кафе Пулс и слаткарницата Шар, преку https://mktickets.mk/, како и на повеќе продажни локации во Прилеп.














