МЕЃУНАРОДНИОТ КАРНЕВАЛ „ПРОЧКА 2026“ ГИ ОБЕДИНУВА ТРАДИЦИЈАТА И СОВРЕМЕНАТА КРЕАТИВНОСТ

Сподели на социјалните мрежи

Прилеп повторно ќе пулсира во духот на традицијата, креативноста и карневалската магија со одржувањето на Меѓународниот карневал „Прочка 2026“, кој ќе се реализира од 20 до 23 февруари 2026 година. Настанот, кој со години претставува еден од најпрепознатливите културни белези на градот, годинава носи разновидна програма, отворена за учесници и посетители од целата земја и пошироко.
Повик за учество
Општина Прилеп ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица од Прилеп и од останатите градови и населени места во Република Македонија – со особен акцент на основни и средни училишта, детски градинки, едукативни центри, здруженија и индивидуални креативци – да земат учество на карневалот со групни или поединечни маски.
Учеството на маскираните групи и поединци претставува значаен придонес во негувањето на културното наследство, традицијата и современиот креативен израз. Потврдата за присуство и бројот на учесници потребно е да се достави најдоцна до 16 февруари 2026 година, по електронска пошта на:
sneze.risteska.pp@gmail.com
snezana.risteska@prilep.gov.mk
или лично во просториите на Општина Прилеп.
Пријавата може да се преземе преку официјалните канали:
www.karnevalprilep.mk | Facebook: KarnevalPrilep | www.prilep.gov.mk
За дополнителни информации:
Снежана Ристеска – 076 432 953
Официјална програма – Меѓународен карневал „Прочка 2026“
20 февруари 2026 (петок) | 12:00 часот
Изложба на рачно изработени традиционални и современи маски/сурати
Свечено отворање и доделување признанија
НУЦК „Марко Цепенков“ – Ликовен салон
21 февруари 2026 (сабота) | 12:00 часот
Детска карневалска поворка
Старт на дефилето: ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп
Централна бина, Плоштад Методија Андонов – Ченто
22 февруари 2026 (недела) | 13:00 часот
Меѓународна карневалска поворка
Дефиле на маски и настапи на жонглери, кловнови, акробати и куклари
Траса: НУЦК „Марко Цепенков“ – Булевар Гоце Делчев – Плоштад М. А. Ченто – Централна бина
23 февруари 2026 (понеделник) | 12:00 часот
Одбележување на „Чист понеделник“
Традиционален заеднички ручек со Здружението „Прилепски мечкари“
Манастир „Св. Ѓорѓија“ – Присад


Сподели на социјалните мрежи