КОМЕДИЈАТА „СВАДБА“ НА 5 ФЕВРУАРИ ВО 3Д КИНО БИТОЛА

Сподели на социјалните мрежи

Филмот „Свадба“, хрватско-српската копродукција во режија на Игор Шереги, на 5 февруари 2026 година, со почеток во 19:30 часот, ќе биде прикажана во 3Д Кино – НУ Центар за култура, Битола, како дел од нејзиното македонско прикажување.
Комедијата „Свадба“ ја следи приказната за две семејства – едното хрватско, другото српско – чиј однос постојано „танцува“ помеѓу топла семејна приказна и потенцијален меѓународен инцидент. Во центарот на дејството е познат хрватски бизнисмен кој на својот роденден дознава дека е пред банкрот. Додека во неговата канцеларија пристигнува семејството со торта и тамбураши, од Лондон стигнува вест што целосно ја менува ситуацијата – ќерката му соопштува дека е бремена, а татко на детето е синот на српскиот министер за надворешни работи.
Во стилот на полнокрвна балканска комедија, „Свадба“ вешто ги испреплетува хуморот, топлината и неизвесноста, отворајќи прашања за семејството, политиката и апсурдите на балканската реалност.
Во филмот настапува мешана хрватско-српска актерска екипа. Во главните улоги се Драган Бјелогрлиќ како Вук Димитријевиќ и Рене Биторајац како Миљенко Лончариќ, а во останатите улоги играат и Весна Тривалиќ, Марко Грабеж, Линда Бегоња, Анѓелка Стевиќ-Жугиќ, Роко Сикавица, Ника Грбеља и Јелисавета Сека Саблиќ и др.
Креативниот тим го сочинуваат режисерот и сценарист Игор Шереги, директорот на фотографија Томислав Сутлар, монтажерката Леа Милета, сценографката Јана Пјацун, костимографката Паула Чуле, дизајнерот на звук Иван Желиќ и шминкерката Сњежана Горуп.
Филмот веќе бележи исклучителен интерес кај публиката во Хрватска и Србија, а ќе биде прикажана во 3Д Кино – НУ Центар за култура, Битола на 5. 6. и 7. Февруари 2026 година.


Сподели на социјалните мрежи