Сокриј ме во шепотот на врелите усни,
и немој некој да ме прочита,
оти, што сум јас освен твоја тајна,
никогаш на глас не изговорена,
во зборови скриена, во буквите заробена.
Потопиме во погледот
и сместиме во аголот на окото
каде изворот солзен почива,
оти, што сум јас освен твоја тага,
никогаш не исплакана, од копнеж исткаена.
Завиткај ме како зрнце во срцето
и сместиме во најтоплото место,
нека тамо мирно процветам,
оти, што сум јас освен твоја љубов,
уште со вистински бакнеж не изкажана,
во некој случаен допир на постоењето.
Исплетиме во дланката
каде животните патеки до тебе ме донеле,
и во магичен момент ме разбудиле,
поспана од пламените бури,
оти, што сум јас освен твоја судбина,
само во желбите разиграна,
со копнеж замотана.
И те молам, немој некогаш да исчезнеме,
да се изгубиме во лаверинтот на ветувањата,
и се во пепел да одлета,
оти, што сме ние освен две ѕвезди
што со својот сјај една со друга се пронајдуваат,
само што секоја од нив,
е на другата страна на месечината.
Весна Шереметкоска














