ВЕЧЕР НА ТОПЛИНА И ЕМОЦИИ НА 9 МАРТ ВО БИТОЛА

Сподели на социјалните мрежи

По два целосно распродадени концерти во Скопје, за на 7 и 8 март, славниот српски уметнички пар – пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ – на 9 март ќе ѝ се претстават и на битолската публика со ексклузивен концерт во Центарот за култура – Битола.
Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ досега се имаат претставено пред битолската публика со самостојни концерти и тоа Јелана во 2019 година, а Иван во 2023 година. Ова ќе биде нивно заедничко појавување на сцена – уникатен уметнички спој кој носи вечер исполнета со силни емоции, музика и незаборавна атмосфера. Концертот е посветен на Денот на жената и претставува вистински културен настан за љубителите на квалитетната музика и поезијата.
Тие ќе настапат во придружба на Симфониски оркестар, публиката ќе има можност да ги слушне најголемите хитови на Јелена Томашевиќ, како и препознатливите интерпретации на Иван Босиљчиќ на стихови од познати поети и безвременски евергрин песни.


Сподели на социјалните мрежи