Постојат луѓе со кои цел народ се гордее. Луѓе за кои без двоумење ќе кажеме – тој беше наш. Тоше Проески е токму таква личност. Уметник кој остави неизбришлива трага, не само преку својата музика, туку и преку емоциите, спомените и моментите што засекогаш ги носиме во себе. Неговите песни се секогаш со нас.
Концертот „Засекогаш во срцата“ продолжува да расте и да добива уште поголемо значење. Секоја година е поискрен, поемотивен и поблизок до она што Тоше го претставуваше.
На 05 март 2026 година, по осми пат, Оркестар ДИВА и НУ Камерен оркестар на Битола, во соработка со Центарот за култура – Битола, ќе нè потсетат на уметникот кој засекогаш остана дел од нашите срца.
Концертот ќе се одржи во Центар за култура – Битола, со почеток во 20:00 часот.
Билетите се веќе во продажба.















