Народен театар „Војдан Чернодрински“ роденденската недела ќе ја слави со театарска програма на Сцена 105 во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп , со почеток во 20:00 часот:
16 февруари (Понеделник)
„Синиот портокал“
Продукција: НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес
17 февруари ( Вторник)
„Фетишист“ – монодрама со Здравко Стојмиров
Продукција: Здравко Стојмиров во копродукција со НУ ,,НТБ“
18 февруари (Среда)
„Делириум тременс“
Продукција: Театарска работилница- Прилеп
19 февруари (Четврток)
„Црнила“
Продукција:НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Народениот театар „Војдан Чернодрински“ роденденската недела ќе ја заокружи со претставата ,,Црнила “ гостување во Македонски народен театар – Скопје на 21 февруари во 20:00 часот.
Билетите за роденденската недела може да се купат секој работен ден, почнувајќи од четврток, 12.02.2026 година, во термини од 10:00 до 12:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот, на билетарницата на НУЦК „Марко Цепенков“.



















