ГЛАСОТ ШТО ГО ОСВОИ РЕГИОНОТ – БЕРНАРДА БОБОВЕЧКИ ДОАЃА ВО БИТОЛА СО КОНЦЕРТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ!

Сподели на социјалните мрежи

На 27 февруари 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура Битола, ќе настапи хрватската пејачка Бернарда Бобовечки, финалистка на музичките шоу-програми „Zvijezde“ и „The Voice Hrvatska“. Препознатлива по својот моќен, емотивен вокал и впечатливи сценски настапи, Бернарда важи за една од најавтентичните млади гласови на регионалната сцена.

Финалистката на популарното музичко шоу , која ги воодушеви и жирито и публиката со својата моќна интерпретација, на концертот во Битола ветува силни емоции и врвна музичка изведба.
Бернарда е кантавторка, пејачка и гитаристка со автентичен израз и препознатлива сценска енергија. Нејзиниот настап носи комбинација од чист вокал, искреност и уметничка зрелост што ретко се среќава на сцената.
Публиката може да очекува вечер исполнета со страст, динамика и атмосфера што долго ќе се памети.
ВЛЕЗНИЦИТЕ ПО ЦЕНА ОД 500 ДЕНАРИ СЕ ВЕЌЕ ВО ПРОДАЖБА
на следните продажни места:

Билетара – Центар за култура Битола

•Продажен салон во Прилеп:

Чавле Прилеп

Онлајн: https://www.3dkinobitola.com/single/event/275

www.audiostore.mk


Сподели на социјалните мрежи