МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ ВО НАУКАТА ОДБЕЛЕЖАН НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

На 18 февруари (среда) на Економскиот факултет – Прилеп во соработка со Europe house Битола се одржа настан по повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката. Студентки од Факултетот и средношколки од средните општински училишта „Мирче Ацев“, „Ѓорче Петров“, „Орде Чопела“ и „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп имаа можност да разговараат со професорки од Економскиот факултет – Прилеп и да се запознаат со нивните приказни за успех, како и со предизвиците и бариерите во нивната кариера. Целта на овој настан е да се истакне значењето на жената во науката и да се мотивираат младите девојки храбро да чекорат кон патот на знаењето и истражувањето.

Фотографии од фото албумот на Економски факултет – Прилеп


Сподели на социјалните мрежи