Активностите на карневалот „Прочка 2026“ започнуваат денес (20.02.2026 г.) во 12:00 часот во Фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ со отворање на ИЗЛОЖБА на рачно изработени трaдиционални и современи маски/сурати од учениците во основните и средните училишта, под менторство на нивните наставници по ликовно образование и одделенска настава..
Ова се најмлади учесници, кои во иднина ќе ја продолжат традицијата на чување и презентирање на културното наследство.
Во салонот каде ќе бидат поставени маските ќе бидат прогласени и најдобрите избрани маски, а стручна жири комисија ќе го спроведе изборот.
Ќе бидат доделни тринаесет награди во повеќе категории:
1, 2 и 3 место во категорија до 5 одд
1, 2 и 3 место во категорија до 9 одд
1, 2 и 3 место во категорија на средни училишта
Гран При награда, Јуниор награда, традиционална и награда за најиновативна маска.
Наградите се во форма на вредносен ваучер.
Жири комисија се истакнати членови на ДЛУП.















