НУ Камерен оркестар на Битола го најавува отворањето на концертната сезона за 2026 година со концертот „Вечер на романтични балади“, кој ќе се одржи на 24 февруари 2026 година во 20:00 часот во Офицерски дом, Битола.
Овој оркестар под диригентската палка на Владимир Димовски, на публиката ѝ подготвил внимателно одбрана програма посветена на романтичниот музички израз. Овој концерт го замислиле како емотивно музичко доживување и достоинствен почеток на новата сезона.
На програмата ќе се изведат дела од:
Антонин Дворжак, Јозеф Сук и Петар Илич Чајковски.
Влезот на овој концерт е слободен.















