„СОУЧЕСНИЦИ“ ВО КИНО „МИС СТОН“ – ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

На 26 февруари 2026 година (четврток) со почеток во 19:00 часот, во кино „Мис Стон“ при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде прикажан играниот филм „Соучесници“, настан во организација на Центарот за култура.
„Соучесници“ е копродукција помеѓу Србија (Зилион филм), Македонија (Партизанс) и Хрватска (Интер филм). Сценариото го потпишува Огњен Обрадовиќ, режијата е на Марко Новаковиќ, а директор на фотографија е Бојан Ракиќ.
Станува збор за психолошка и социјална драма што го следи идиличниот живот на главните ликови, кој нагло се менува по сообраќајна несреќа. Во обидот да се справат со последиците, нив ги прогонува чувството на вина, што постепено ја трансформира нивната врска и отвора низа неочекувани и драматични настани.
Во филмот играат: Невена Неранџиќ, Радован Вујовиќ, Аница Добра, Даница Ристовски, Зоран Цвијановиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Анита Огњановиќ, Јован Белобрковиќ, Сара Климоска, Стојан Матавуљ, Хана Јапунџиќ, Факета Салихбеговиќ-Авдагиќ и Петар Новаковиќ.
Филмот трае 1 час и 47 минути и е категоризиран за публика над 12 години.
Проектот е поддржан од Агенција за филм на Македонија, Филмски центар на Србија и Хрватски аудиовизуелен центар.
Влезници може да се набават на билетарницата на кино „Мис Стон“ секој работен ден од 23 февруари 2026 година, во периодот од 11:00 до 13:00 часот, како и еден час пред проекцијата.


Сподели на социјалните мрежи