ДЕТСКИОТ КАРНЕВАЛ СЕ ВРАТИ ВО ПРИЛЕП – ШАРЕНА УВЕРТИРА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ КАРНЕВАЛ „ПРОЧКА 2026“

Сподели на социјалните мрежи

По неколкугодишна пауза, во Прилеп повторно се одржа детскиот карневал, кој внесе радост, и детска креативност во градот. Поворката се движеше од ОУ „Кочо Рацин“ до плоштад „Методија Андонов-Ченто“, каде бројни прилепчани имаа можност да уживаат во разиграните настапи.
Децата продефилираа со впечатливи и креативни маски, исполнети со живописни бои и внимателно осмислени сценски изведби, покажувајќи дека карневалската традиција продолжува да живее меѓу најмладите.

На овој карневалски ден својот прв настап го имаше и обновениот Прилепски дувачки оркестар кој ја предводеше колоната со маски, а кој ќе настапи и на меѓународниот карневал.
Детскиот карневал беше убава увертира за денешниот (22.2.2026) меѓународен фестивал „Прочка 2026“, со кој Прилеп и годинава ќе пулсира во духот на традицијата, маските и веселбата.
Во продолжение фотографии од движењето на колоната со маски низ прилепскиот центар.


Сподели на социјалните мрежи