Иницијативата за независна култура „500 денари рекет“ ќе ви понуди уште еден настан од својата годишна програма, овој пат концерт на скопската група My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST.
Концертот ќе се одржи на 28 февруари 2026г во кино салата Мис Стон со почеток во 21.00ч.
Влезници ќе можете да набавите непосредно пред почетокот на концертот (на врата) по цена од 200 денари.
Повелете на концерт и поддржете ја независната културна сцена со вашето присуство.
Мy Теар е инди / неw wаве трио од Скопје, составено од искусни музичари од македонската андерграунд сцена. Бендот го сочинуваат Дени Крстев (вокал и гитара), Антони Анев (бас) и Иван Димишков – Димиш (тапани), познати и по своето учество во бендови како Фонија, 21 Век, Преку Ред, Ред18 и други релевантни проекти од алтернативната сцена.
Мy Теар се оформуваат како природна еволуција на бендот Фонија, со јасен стилски пресврт од панк-рок кон инди и неw wаве естетика, инспирирана од македонската и југословенската алтернативна традиција од 80-тите, но обликувана низ современ звук и продукција.
Зад себе имаат два студиски албуми, две ЕП-изданија и неколку синглови што оствариле значително радио-присуство. Песната „Остави ме да бидам“ три недели се наоѓа на врвот на топ-листите на Антена 5 и Радио Бубамара, а во 2018 година е прогласена за сингл на годината од култното инди радио Канал 103. Бендот има објавено и три официјални музички видеа, како и истоимениот деби-албум „My Tear“ (2019), издаден и на винил за Corpus Delicti и Балкан Велики.
Нивниот втор албум „Кога не се сакаме“ претставува концептуално издание посветено на современата љубов и нејзиното преживување во забрзан и отуѓен свет. Албумот е реализиран во скопското Студио 1060, со минималистички продукциски пристап и вклучува гостувања на значајни имиња од регионалната сцена, меѓу кои и Васко Атанасоски и Деан Шкартов – Деко (Badmintons).
Синглот “Истото го сакаш” го достигнува првото место на Невидлјива топ листа.
My Tear зад себе имаат и европска турнеја, а нивните настапи се карактеризираат со силна емоционална интензивност, јасен авторски идентитет и директна комуникација со публиката. Бендот продолжува активно да создава и настапува, позиционирајќи се како релевантен и препознатлив глас на современата македонска алтернативна сцена.
SIDE QUEST за себе велат вака :
„Панк бенд од Прилеп.
Свириме кавери, трибјути, и наши песни – сè што ни врие внатре, го пуштаме надвор.
Малку панк, малку хаос, многу енергија.
Ако има публика – има свирка. Ако нема – че ја напрајме.
На 28-ми ќе ви се претставиме со авторска музика“
















