СРЕДНОШКОЛЕЦОТ ОД ПРИЛЕП БЛАГОЈ РУЈАНОСКИ СТОЈАНОСКИ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ЉУБЉАНА

Сподели на социјалните мрежи

На Интернационалната олимпијада за вештачка интелигенција која се одржа во Љубљана, помеѓу 200 натпреварувачи од целиот свет, двајцата натпреварувачи од Македонија Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје и Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп освоија бронзен медал, соопшти на својот профил на Фејсбук македонскиот амбасадор во Словенија Горан Милевски.
Натпреварувачите беа под менторство на професорот Емил Станков од ФИНКИ и асистентот на ФИНКИ Димитар Милески.
Медалите им ги додели министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.


Сподели на социјалните мрежи