Денес (3.3.2026) во Големата сала на НУ Центар за култура – Битола со почеток во 19:00 ч. ќе биде прикажан документарниот филм „Легендата за народниот херој Мирче Ацев“ кој е направен по сценарио и режија на Влатко Костовски.
Овој документарен филм го зачувува споменот на храброста, идеалите и нескротливиот дух кој го трасираше патот кон слободата.
















