СЕКОГАШ СВОЈ
Шетам јас низ градот, лица познати
Некои се смеат, некој се нервозни
Сиви згради, сиви куќи, сиви улици
Ама мене душа полна бои секакви
Чекор голем 7 миљи, брзо патувам
Се се движи а јас стојам, се причинува
Дождот врни лице влажно очи затворам
Глава полна мисли светли, отпловувам
Моја глава, моја мисла, моја вистина
Секогаш сум свој, ничија копија
Светот голем, патот мој јас го барам
Се што сакам е да оставам трага
Игор Јагуриноски















