Стендап комичарот Никола Тодороски започнува голема турнеја низ Македонија со своето најново стендап шоу „Опстанок“. Стартот на турнејата е закажан за 17 март 2026 година, во Центар за култура – Битола, со почеток во 20 часот.
Во Битола премиерно ќе биде изведена неговата најнова стендап комедија „Опстанок“, во која преку препознатливиот хумор, Тодороски на духовит начин зборува за предизвиците на современиот живот. Публиката може да очекува вечер исполнета со смеа и хумор.
Билетите за настапот се веќе пуштени во продажба и може да се набават во продажните места на Димпо Тобако низ Битола, на билетарата во Центар за култура – Битола, како и онлајн преку https://www.3dkinobitola.com/single/event/287
Турнејата ќе продолжи и во други градови низ Македонија, каде публиката ќе има можност да ужива во новиот материјал на Тодороски, исполнет со актуелни теми и препознатлив стендап стил.















