РАБОТИЛНИЦА ЗА ВИОЛИНА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ФЕСТИВАЛОТ „VIOLIN FEST“ ВО ООМУ „ОРДАН МИХАЈЛОСКИ-ОЦКА“ – ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Во рамки на своите програмски активности, ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ – Прилеп на 11 и 12 март 2026 година ќе организира работилница за виолина и презентација на фестивалот „Violin fest“, под уметничко раководство на проф. м-р Владимир Костов.
Работилницата е наменета за ученици по виолина и има за цел да овозможи продлабочување на нивните знаења и унапредување на изведувачките вештини. Воедно, учесниците ќе имаат можност подетално да се запознаат со концептот и програмата на фестивалот „Violin fest“.
Преку практична работа, стручни совети и насоки од страна на уметничкиот раководител, младите музичари ќе стекнат нови искуства и ќе ја унапредат својата музичка интерпретација.
Со ваквите активности училиштето продолжува активно да ја поттикнува музичката едукација, уметничкиот развој и љубовта кон виолинската уметност кај младите музичари.


Сподели на социјалните мрежи