Вечерва (10 март) со почеток во 20 часот, на големата сцена на Народен театар Битола ќе биде изведена театарската претстава „На отворено море“, по текст на Славомир Мрожек, во адаптација и режија на Благој Мицевски.
Дејството ја следи апсурдната и драматична ситуација на тројца луѓе заглавени на сплав среде море – без храна и без надеж за спас. Наместо заедничко решение, меѓу нив започнува сурова игра на моќ, манипулација и „демократија“, во која на крајот некој мора да стане жртва.
Со остар хумор, апсурд и интелигентна сатира, оваа култна драма поставува сериозно прашање: што се случува со човечноста кога опстанокот станува поважен од моралот?
На сцената настапуваат актерите:
Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.
Не ја пропуштајте оваа интелигентна театарска игра за моќта, стравот и човековата природа.















