Филмот „Уште една игра“ во Прилеп ќе биде прикажан на 19.03.2026 (четврток) со почеток во 19:00 часот во кино Мис Стон – НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Филмот ја раскажува приказната за Мартин, 16-годишник од Чучер-Сандево, Северна Македонија, кој има желба да стане ѕвезда како професионален гејмер — стремеж што се коси со желбите на неговата мајка за негово традиционално образование.
Кога неговиот најблизок пријател, Димитар, добива можност да оди на проба за најдобриот европски еСпорт тим, Dynasty, Мартин со нетрпение ја прифаќа шансата да остави свој белег.
Играат: Петар Маниќ, Тони Михајловски, Ведран Чешарек, Александра Пешевска, Зефанаја Тери, Марјан Наумов, Жаклина Стефковска, Марија Јанчевска, Далиа Стоименова и Јасмина Василева.
Режија: Nik Jansen
Продукција: Никола Китановски
Музика : Кирил Џајковски
Влезници можат да се набават на билетарницата од киното секој работен ден од понеделник од 11 до 13.00 часот и едн час пред проекцијата на филмот.















