Тимови составени од професори и студенти од Економски факултет – Прилеп изминатиот период реализираа промотивни посети во повеќе средни училишта низ регионот, со цел да ги запознаат матурантите со можностите за студирање на факултетот.
Во рамки на посетите беа одржани презентации за студиските програми, условите за студирање, како и за стипендиите што ги обезбедуваат компании од регионот за студентите на факултетот. На матурантите им беа претставени и бројните можности и придобивки што ги нуди студирањето на оваа високообразовна институција.
Промотивните активности опфатија повеќе училишта и тоa во Охрид, Ресен, Кавадарци, Неготино, Македонски Брод, Кичево, Битола и Прилеп.
Во активностите активно учествуваа и студентите од факултетот, кои со матурантите ги споделија своите искуства од студирањето и можностите што ги нуди факултетското образование.
Од факултетот посочуваат дека промотивните активности продолжуваат и во наредниот период, а дел од матурантите се очекува повторно да се сретнат со нив за време на претстојните уписни рокови.

















