Во организација на НУ Центар за култура – Битола и Друштвото за архитектура, дизајн и култура – Архифакт – Скопје, на 8 април 2026 год., среда, во 12.00 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура, ќе биде отворена изложбата „Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане – Македонската „робинзонијада“ на семејството бегалци Малахови“. Автори на изложбата и каталогот се: д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила, Љубица Велкова и Јасминка Намичева.
Реализацијата на изложбата е во рамките на проектот – патувачки изложби МузеумЛинк, во организација на Јасминка Намичева, кустос советник.
Изложбата се состои од реконструирани биографии, документи, фотографии, слики итн., и претставува само еден скромен обид на некој начин воспоставување на историската правда во однос на членовите на семејството Малахови.















