КОМЕДИЈАТА „СЕКСТЕТ“ ПРЕМИЕРНО НА СЦЕНАТА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР БИТОЛА

Сподели на социјалните мрежи

Народен театар Битола ја најавува својата најнова премиера – урнебесната комедија „Секстет“ од Марк Камолети, во режија и адаптација на Марјан Георгиевски.
Премиерата ќе се одржи на 25 април 2026 година, со почеток во 20 часот, на Големата сцена, носејќи пред публиката динамична и духовита приказна за љубовта, тајните и хаосот што настанува кога работите ќе излезат од контрола.
Што се случува кога совршено испланираниот љубовен живот ќе почне да се распаѓа? Кога лагите се заплеткуваат, а недоразбирањата стануваат сè поапсурдни? „Секстет“ нуди токму таква ситуација – полна со неочекувани пресврти, комични ситуации и ликови кои се обидуваат да ги сокријат сопствените тајни.
Претставата носи богата актерска екипа: Николче Пројчевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски, Сандра Грибовска Илиевска, Марија Цветановска и Борче Ѓаковски, кои преку живописна игра ќе ја доловат оваа комична приказна.
Креативниот тим го сочинуваат и костимографот Андреј Георгиевски, сценографот Влатко Чачоровски и композиторот Александар Димовски, кои заеднички создаваат сценски амбиент што го засилува комичниот ефект на претставата.
„Секстет“ ветува вечер исполнета со смеа, брзи пресврти и незаборавна театарска енергија – вистинско освежување на репертоарот и покана за сите љубители на добрата комедија.


Сподели на социјалните мрежи