БОГАТА ПРОГРАМА ЗА „ДЕНОВИ НА КРАЛИ МАРКО“ ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Во организација на Општина Прилеп, и оваа година ќе се одржи културната манифестација „Денови на Крали Марко“, со која се одбележува годишнината од загинувањето на легендарниот владетел и се промовира градот како место каде што живеел Крали Марко.
Во рамки на програмата се предвидени повеќе културни и едукативни активности:
Манифестацијата започнува на 15.05.2026 (петок) со:
Балканскиот јунак Крали Марко – интерактивна работилница и изложба, – Завод и музеј Прилеп, 10:00 -14:00 часот.
Крали Марко низ детските очи, ликовна работилница со ученици од ООУ Блаже Конески, Црква Св. Никола – Варош, почеток во 10:00 часот
ЕХО патува – во Прилеп, Фестивал на планински филм, – Црква Св. Никола – Варош, почеток во 20:00 часот
17.05.2026 (недела)
Концерт на МИЗАР, седмо откровение, Амфитеатар Варош, почеток во 20:00 часот
Крали Марко, како легендарен средновековен владетел, e познат по бројни подвизи, е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот.


Сподели на социјалните мрежи