„SIDE QUEST – PUNK ROCK 101“ ОВАА НЕДЕЛА НА „ОД 0 ДО КУЛТУРА“ ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Во рамки на летниот културен проект Од 0 до КултурА, овој четврток (9 јули 2026) со почеток во 21:00 часот, на Плоштад Александрија – на Камената бина, ќе настапи прилепскиот бенд Side Quest со нивниот концепт „Punk Rock 101“.
Side Quest е панк-рок и поп-панк бенд од Прилеп, активен на македонската алтернативна сцена од 2023 година. За овој настап во рамки на проектот, тие подготвуваат специјален музички концепт во кој хронолошки ќе биде прикажан развојот на панк-рок музиката како стил и субкултурно движење – од неговите почетоци до современите форми.
Публиката ќе има можност да слушне песни од бендови кои го дефинирале жанрот, ја обликувале неговата естетика и оставиле значаен белег во музичката историја.
Бендот моментално работи на својот прв студиски албум, а досега имаат издадено сингл „Нема иднина“, снимена навивачка песна за ФК „Победа“, како и преработка на народната песна „Ако одам во Битола“. Настапувале како предгрупа на повеќе концерти, меѓу кои и настапи со Паркети, Мy Теар и Нема Лабаво, а биле и финалисти на фестивалот „Лузер Фест“.
Side Quest настапуваат во состав:
Елена Хаџи-Спироска – вокал
Ангел Ѓоргиоски – вокал
Александар Ристески – гитара
Христијан Богдановски – гитара
Мартин Трајковски – бас
Филип Богдановски – тапани
Ве очекуваме на уште една летна музичка вечер во Прилеп, во рамки на „Од 0 до КултурА“.


Сподели на социјалните мрежи