КАДЕ ШТО ТИ Е ДОБРО..
Таму кај што сакаш да се будиш,
во топла прегратка, насмеана,
прегрната,со љубов стоплена,
со утринско кафе понудена,
таму ти е добро утро.
Таму кај што сакаш,
на домашна софра да седнеш,
со топол ручек,лица насмеани,
со својот џагор те прегрнуваат,
задоволни,благодарни
за секој убав збор,
ти исполнета ,
со хармонија и тивка среќа,
таму ти е добар ден.
Таку кај што сакаш,
во спокојот сонот да го прегрнуваш,
стоплена, прегрната со љуов,
задоволна што ја даваш и добиваш,
утешена од тешкиот ден,
под срцето на саканиот,
покрај трепетот на неговото срце,
таму ти е добра ноќ.
Снежана Паноска
Од Стихозбирката ,, ИЛЈАДА ЅВЕЗДИ “
















