ROCK BLUES BAND ВО ЧЕТВРТОК СО ХИТОВИТЕ НА THE ROLLING STONES

Сподели на социјалните мрежи

Четврток повторно е ден за добра музика во Прилеп. Во рамките на летната манифестација „Од 0 до КултурА“, која ја организира Општина Прилеп, на 13 август 2026 година на Камена Бина на Плоштад Александрија ќе настапи прилепскиот Rock Blues Band.
Концертот започнува во 21:00 часот, а овојпат публиката ќе има можност да ужива во репертоар посветен на еден од најголемите рок бендови на сите времиња – The Rolling Stones.
Rock Blues Band постои од 2015 година и во своите настапи го негува звукот на рок и блуз класиката. Бендот е препознатлив по својот динамичен настап и енергијата што ја пренесува на публиката.
Во составот на бендот се Борче Шабаноски – гитара, Игор Јагуриноски – вокал, Горан Ивановски – тапани и Методија Костоски – бас.
По досегашните музички четвртоци во рамките на „Од 0 до КултурА“, и оваа вечер Прилеп го очекува ново дружење под отворено небо, со добро познати рок хитови и атмосфера за сите генерации.
За сите љубители на рок звукот, ова е уште една можност за музичка вечер исполнета со енергија и безвременските хитови на The Rolling Stones.


Сподели на социјалните мрежи