„ЖИВОТИНСКА ФАРМА“ – НОВА ПРЕТСТАВА НА ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР

Сподели на социјалните мрежи

Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, ги започна подготовките за нова претстава – „Животинска фарма“, според истоимениот роман на Џорџ Орвел.
Режијата на претставата е на Чендрим Ријани, додека драматург е Лидија М. Ѓорѓиевска.
Во претставата ќе играат Игор Трпчески, Марија Спиркоска-Илијеска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски и Илија Волчески.
Автор на сценографијата е Валентин Светозарев, костимограф е Марија Папучевска, а музиката е на Томе Темелкоски.
Со започнувањето на подготовките, прилепскиот театар најавува уште една нова продукција во својата програма. За датумот на премиерата и останатите детали поврзани со претставата се очекуваат дополнителни информации.


Сподели на социјалните мрежи