Клубот на литературни творци – Прилеп распиша онлајн конкурс за најдобра поетска творба, по повод 15-годишнината од основањето на Клубот и Месецот на книгата. Конкурсот е отворен од 15 до 26 октомври, а право на учество имаат сите автори.
За учество, поетските творби треба да бидат напишани на македонски јазик и да се испратат со шифра на електронската адреса literaturenkлуб@yahoo.com. Секој автор може да учествува со една поетска творба, а делата ќе се разгледуваат анонимно, под шифра.
Најдобрите творби ќе ги избере стручна комисија, која ќе ги додели првата, втората и третата награда, односно дипломи за најуспешните автори.
Избраните поетски творби ќе бидат претставени и во Фејсбук-групата „Клуб на литературни творци“, каде што ќе бидат објавени и дипломите.
Со овој конкурс, Клубот на литературни творци – Прилеп продолжува да го поттикнува поетското творештво и да им отвора простор на авторите за претставување на нивните дела пред пошироката јавност.


















