М А К Е Д О Н И Ј А
Требаше да биде
доволно далеку
од моите чекори
за да ја почувствувам
поблиска од сонот.
Требаше да биде
камче на сопнување,
проколнат копнеж,
меѓу овие и оние
за да ја сошијам за срцето.
Требаше да биде
сечија и ничија
вински оцет, тутунов туткал,
медовина и извор планински
за да ми ја пијат очите,
а беше само жар птица,
нирвана и верност
пред налетот на апокалипсата
– оти од убавини страдаше.
Тони Павлески Прилеп
















