„2 ДЕНА НА 3 ЛОКАЦИИ“ – 300 УЧЕНИЦИ ОД ООМУ „ОРДАН МИХАЈЛОСКИ – ОЦКА“ ЌЕ МУЗИЦИРААТ НИЗ ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Прилеп деновиве ќе живее во ритамот на музиката. Општинското основно музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ организира концерти на отворено под мотото „2 ДЕНА НА 3 ЛОКАЦИИ“, на кои ќе настапат околу 300 ученици од сите класи и инструменти.
Младите музичари, кои зад себе имаат бројни награди и успеси на државни и меѓународни натпревари, преку своите настапи ќе им овозможат на прилепчани да уживаат во богата музичка програма на неколку препознатливи градски локации.
Концертите ќе се реализираат според следниот распоред:
СРЕДА – 20 мај 2026
• 17:00 часот – Градски часовник
• 17:15 часот – Камена бина
• 17:30 часот – Парк кај Судот
ЧЕТВРТОК – 21 мај 2026
• 17:00 часот – Градски часовник
• 17:00 часот – Камена бина
• 17:00 часот – Могила на непобедените (Амфитеатар)
Со оваа музичка иницијатива, Прилеп уште еднаш ќе покаже дека е град кој ја негува културата, уметноста и младите таленти.


Сподели на социјалните мрежи