За да ги видите православните празници следете го следниот линк: Православен календар
Во продолжение неработни денови за 2026 година:
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
- 1 јануари (четврток), Нова Година
- 7 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
- 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
- 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
- 1 мај (петок), Ден на трудот
- 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден
- 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден
- 8 септември (вторник), Ден на независноста
- 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден
- 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба
- 8 декември (вторник), „Св. Климент Охридски“
За граѓаните од православна вероисповед
- 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божик
- 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици)
- 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
- 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
- 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
- 6 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
- 1 ноември (недела), Празникот на сите светци
- 25 декември (петок), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
- 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ
- 27 јануари (вторник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
- 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ
- 23 мај (сабота), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
- 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
- 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
- 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик

