На 9 декември (вторник) со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Приеп ќе се одржи концертот на флејтистката Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ.
На програмата се дела од К. Ф. Е. Бах, Бартон, Рутер и Велковска–Трајановска, во избор што обединува различни стилови и носи вечер исполнета со инспирација и музичка рафинираност.














