НУ Народен театар Битола Ве поканува на незаборавно патување во светот на Пинокио — дрвеното момче со најголемото срце, најдолгиот нос и највозбудливите авантури. Ова е претстава полна со смеа, музика, шарени ликови и важни пораки за пријателството, храброста и вистината. Се работи за најновата премиера — претставата за деца „Пинокио“ од Карло Голдони, во режија на Деан Дамјановски, која ќе биде изведена на 28 февруари во 18 часот.
Ова не е обична детска претстава.Ова е експлозија од смеа, музика, боја и магија што ја тресе салата.
„Пинокио“
Режија и драматизација: Деан Дамјановски
Композитор: Марјан Неќак
Сценографија: Сергеј Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓоргиевски
Ментор на Театарска школа „Бабец“: м-р Јулијана Мирчевска
Тон мајстор: Александар Димовски
Светло мајстор: Игор Мицевски
Суфлер: Мирјана Христовска
Инспициент: Оливер Петровски
ИГРААТ:
ПИНОКИО – Никола Стефанов
ШТУРЕЦ – Валентина Грамосли
ЏЕПЕТО – Марјан Георгиевски
ЛИСИЦА – Јулијана Мирчевска
МАЧКАТА – Маја Андоновска Илијевски
САМОВИЛАТА – Катерина Аневска Дранговска
МАНИФИКО – Александар Димитровски
ЧАСОВНИЦИ, ДЕЦА, КУКЛИ – Театарска школа „Бабец“
Софија Наумовска
Ана Анѓелевска
Веда Мавровска
Стефан Доневски
Матеа Василевска
Лина Трампевска
Николина Јанкоска
Ана-Марија Каранфиловска
Лина Христовска
Војдан Мавровски
Николај Илијевски
Пинокио ве чека — а авантурите не трпат одложување.















