Д-Р ОРДАНЧЕ ПЕТРОВ СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА ГОДИШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА АРХЕОЛОШКИОТ ИНСТИТУТ НА АМЕРИКА

Сподели на социјалните мрежи

Научниот соработник д-р Орданче Петров од ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, во периодот од 7 до 11 јануари учествуваше на годишната конференција на Археолошкиот институт на Америка.
Во рамки на конференциската програма, д-р Петров ги претстави најновите резултати од археолошките истражувања и ископувања на локалитетот Маркова Кула кај селото Корешница, во близина на Демир Капија. Во своето излагање тој се осврна на неговото пошироко историско и културно значење.
По завршувањето на конференцијата, д-р Петров оствари посета на партнерската институција Cal Poly Humboldt University, каде што реализираше работни средби со претставници на универзитетот. Средбите беа насочени кон продлабочување на соработката и планирање на идни заеднички активности.
Со ваквите настапи и партнерства, Институтот за старословенска култура – Прилеп продолжува активно да ја афирмира македонската археологија на меѓународната сцена и да ги зајакнува меѓународните академски партнерства.


Сподели на социјалните мрежи