„BRAIN STORIES“ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ПРИЛЕП – НАУКА И УМЕТНОСТ ВО ПОТРАГА ПО СПОЗНАВАЊЕ НА СЕБЕСИ

Сподели на социјалните мрежи

На 18 март (среда) со почеток во 11 часот, во амфитеатар 5 на Економски факултет – Прилеп ќе се одржи стручно гостинско предавање насловено „Brain Stories – Спознавање на себеси низ призмата на науката и уметноста“.
Настанот ќе понуди интересен спој на научни сознанија и уметнички перспективи, преку кои ќе се отвори дискусија за функционирањето на човековиот мозок, креативноста и начинот на кој науката и уметноста помагаат подобро да се разбереме себеси.
Целна група на овој настан се ученици од средно медицинско училиште, како и студенти од Економски факултет – Прилеп. Предавањата се конципирани и прилагодени на нивното ниво, со цел темите да бидат разбирливи, инспиративни и поттикнувачки за понатамошно размислување и интерес кон науката и уметноста.
Во рамки на програмата предвидени се три предавања:
• „Неврологијата зад нотите на Моцарт и боите на Ван Гог“ – м-р д-р Габриела Тавчиоска, невропедијатар, кое ќе го истражува односот помеѓу мозочните процеси, музиката и уметничкото творештво.
• „Се запознаваме себеси преку наука и уметност“ – проф. д-р Елизабета Зисовска, педијатар, со осврт на тоа како науката и уметноста придонесуваат за подлабоко разбирање на човековата природа.
• „Математички мозоци“ – Дијана Вајдеска, доктор по наука за композитни материјали, која ќе говори за математичкото размислување и потенцијалот на човечкиот ум.
Предавањето е отворено за средношколците и студентите од Економскиот факултет и сите заинтересирани кои сакаат да ја истражат врската помеѓу мозокот, науката и уметноста.


Сподели на социјалните мрежи