ЉУБОВ И ВИНО, Ана Ѓорчевска

Сподели на социјалните мрежи

Да може бар љубовта да се мери,
а мерната единица да се капки вино,
тогаш нашата љубов би била,
симбол на жестокост и страст.

Да може бар љубовта да се вкуси,
би го имала вкусот на Тиквешијата,
што го поттикнува огнот,
да гори во нашите тела.

Да може бар љубовта да се види,
би ги имала твоите црни очи,
со продорен поглед,
што ме гледа само мене.

Да може бар љубовта тајна да биде,
би била како есенски шепот,
крај големиот багрем во нашето маало,
таму каде што првпат ме бакна ти.

Ана Ѓорчевска


Сподели на социјалните мрежи