Чудесно
Чуден е секој час
чудна е минутата,
а чудна е и секундата.
Не знаеш што носи
не знаеш што ќе донеси.
Чудно е времето
тече брзо
додека да трепнеш
за час сè ќе се смени.
Чудно е сè!
Чудни се луѓето
се менуваат ко часовникот,
за час
за минута
за секунда
човек се менува.
Чудно е времето
чуден е човекот
чуден е светот.
Сè може да се смени
а, сепак ништо не се менува.
Чудно е времето,
чудни се луѓето,
чуден е светот.
Како не би бил
кога сè е чудно.
На човек му се менува мислата
во секунда,
му се менува ритамот на срцето
во секунда,
му се менува душата во секунда
чудно е како сè се менува,
не е чудо што светот останува ист
чудесен е
кога сè е чудно.
Чудо е времето,
чуден е човекот
чудесен е светот
чудесен е животот.
05.11.2025
Марија Симоноска















