Битола за првпат ќе биде домаќин на оригинален македонски мјузикл инспириран од животот и делото на легендарниот фронтмен на Queen – Freddie Mercury, уметникот чиј глас, харизма и бунтовен дух оставија неизбришлива трага во светската музика.
Станува збор за биографска музичко-сценска приказна која го следи патот од соништата до создавањето на една од најголемите музички легенди. Преку сцена, музика и емоција, мјузиклот ја раскажува приказната за славата, љубовта, личните борби и бесмртното наследство на Mercury.
Проектот е реализиран по сценарио на Димитар Захариевски, во режија на Бојан Стојков, додека диригентската палка, продукцијата и оркестрациите се дело на Владимир Димовски, кој ја пренесува музиката на Queen во моќна оркестарска форма.
Во актерската екипа настапуваат:
• Бојан Стојков како Freddie Mercury
• Димитар Захариевски како Brian May
• Никола Пројчевски како John Deacon
• Никола Стефанов како Roger Taylor
• Теона Крстеска како Mary Austin
Мјузиклот претставува уникатна спојка на исповед, концерт и театар, носејќи силно емотивно доживување и нов сценски израз кој ветува да постави повисоки стандарди во домашната продукција.
Настанот ќе се одржи на 30 март 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура во Битола.
Билетите се веќе во продажба онлајн, како и во продажните места на Тобако Димпо.
















