ЖАРКО ЈОВАНОВИЌ СО ПРЕМИЕРНА СТЕНДАП КОМЕДИЈА ВО БИТОЛА – СМЕА БЕЗ ПАУЗА НА 1 АПРИЛ

Сподели на социјалните мрежи

Битола ќе биде домаќин на едно од најзабавните случувања оваа пролет. Стендап комичарот Жарко Јовановиќ пристигнува во Центарот за култура – Битола со својата премиерна стендап комедија.
Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со смеа, во која Јовановиќ на свој препознатлив начин ќе ги имитира и сатирично ќе ги прикаже политичарите, создавајќи духовити и остроумни моменти што не оставаат никого рамнодушен. Неговите настапи се познати по динамичниот ритам и непосредната комуникација со публиката, што гарантира забава без пауза.
Настанот ќе се одржи на 1 април – Денот на шегата, што е совршена можност битолчани да се препуштат на смеа и добро расположение. Организаторите најавуваат вечер во која смеата ќе биде неизбежна – „на секои пет секунди“.
Интересот за настанот е голем, а билетите се веќе пуштени во продажба по цена од 300 денари во претпродажба. Истите може да се набават на билетарата во Центарот за култура – Битола, електронски, како и во продажната мрежа на „Димпо Тобака“ низ градот.
Подгответе се за вечер исполнета со смеа, сатира и одлична енергија – Битола на 1 април ќе се смее гласно!


Сподели на социјалните мрежи