Поради големиот интерес кај публиката, филмот Враќање на Жикина династија повторно ќе биде прикажан во Прилеп.
Новата проекција ќе се одржи во среда, на 15 април 2026 година, со почеток во 19 часот, во Кино „Мис Стон“, при НУЦК „Марко Цепенков“.
По повеќе од три децении од последното продолжение, култниот серијал „Жикина династија“ се враќа на големото платно со нова, современа приказна, задржувајќи го препознатливиот хумор и духот што го направи омилен кај генерации гледачи.
Филмот е во режија на Милан Коњевиќ, по сценарио на Милена Марковиќ. Во главната улога повторно се појавува Никола Којо како Миша Павловиќ, кој се соочува со нови семејни предизвици кога неговите синови, по долг престој во Москва, доаѓаат во Србија. Следуваат низа комични и емотивни ситуации, исполнети со генерациски разлики, недоразбирања и силни семејни врски.
Влезници за проекцијата ќе може да се набават во вторник и среда на билетарницата на киното, во периодот од 11:00 до 13:00 часот.















