ПРОМОЦИЈА НА НОВАТА ЗБИРКА РАСКАЗИ „МОМИНА СОЛЗА“ОД БИЛЈАНА ТИНТОСКА

Сподели на социјалните мрежи

На 28 април, во 18:30ч., во холот на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, ќе се одржи промоција на новата збирка раскази „Момина солза“. Ова е шеста по ред книга на авторката Билјана Тинтоска.
Збирката е осмислена како букет од деветнаесет раскази со разна тематика, базирана на искуството и лично и општочовечко, проблеми, искушенија, препреки но и радости со кои сите секојдневно се среќаваме и се бориме, соочувајќи се со животот.
Промоцијата е посветена на учениците матуранти кои авторката, како професор по македонски јазик и литература, ги води и ќе ги испрати во животот, со пораки кои ќе им обезбедат квалитетна иднина. Бројот на расказите е симболичен и се совпаѓа со бројот на годините што ги имаат нејзините матуранти.
А нам, на нејзините читатели, ни ги подарува нејзините раскази како китка момина солза, со многу љубов!
Посетете ја оваа промоција!


Сподели на социјалните мрежи