ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО ВО БИТОЛА: ФОКУС НА ИЗВОНРЕДНОСТА И КАРИЕРНИОТ РАЗВОЈ

Сподели на социјалните мрежи

На 24 април во Офицерскиот дом во Битола беше одржан традиционалниот Отворен ден на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО), под инспиративното мото „Извонредност и кариера“.
Проф. д-р Марјан Ангелески од Економски факултет – Прилеп, пред присутните претставници на Ректоратот и единиците на Универзитетот, градоначалници, претставници на бизнис-секторот, професори, студенти и средношколци ги презентираше активностите реализирани во рамките на Форумот за соработка меѓу академската заедница, работодавачите, студентите и алумните на Економскиот факултет – Прилеп (Quadruple Helix Forum). Овој форум претставува модел што овозможува колаборативен пристап во креирањето на студиските програми од страна на сите засегнати страни.
На настанот беа доделени и награди на најдобрите студенти во повеќе категории. Студентите од Економски факултет – Прилеп Нико Доага и Евгенија Оџаклиеска добија признанија за студентска извонредност, додека Ива Алампиоска беше добитничка на награда за највисок успех во студирањето.
Настанот продолжи со активности во рамки на Денот на кариера, каде беа претставени универзитетските единици, повеќе компании, како и претставници од јавниот и невладиниот сектор и алумни студенти, кои ги споделија своите искуства и можности за професионален развој.


Фотографиите се од фото албумот на Економски факултет – Прилеп


Сподели на социјалните мрежи