Никој како перото и хартијата
Не ќе те разбере никој
како перото и хартијата
не ќе ти ги пренесе зборовите никој
како перото и хартијата
не ќе те прочита никој
како перото и хартијата
не ќе те прекаже никој
толку точно како
перото и хартијата
не ќе ти ги изопачи зборовите никој
како што ќе ти ги чува
перото и хартијата
не ќе ти го искриви ракописот никој
како што ќе ти го чува
перото и хартијата
не ќе те престане никој
како што ќе те слуша
перото и хартијата
не ќе те одбележи никој
како перото и хартијата
не ќе те трпи никој
како перото и хартијата
не ќе те чува никој
како перото и хартијата
не ќе ти ги издржи сите маки
како перото и хартијата
не ќе ти ги издржи сите солзи никој
како перото и хартијата
не ќе ти го издржи скршеното срце никој
како перото и хартијата
не ќе ти ги издржи скокањата од радост како
перото и хартијата
не ќе ти го издржи очајот
како перото и хартијата
не ќе ти го издржи бесот, вриштењето и пиштењето никој
како перото и хартијата
не ќе те почитува никој
како перото и хартијата
не ќе ти ги чува празнината, рушевината, страста никој
како перото и хартијата
не ќе те сака никој
како перото и хартијата
21.11.2025
Марија Симоноска














