ВО ФОКУСОТ НА ЈУБИЛЕЈОТ – ДЕЈАН ДУКОВСКИ ВО НОВОТО ВИДЕО ОД СЕРИЈАЛОТ ЗА „ЧЕРНОДРИНСКИ“

Сподели на социјалните мрежи

Петтото видео од серијалот кој го подготви МТФ „Војдан Чернодрински“, а го споделува „Клуб Деница“, е посветено на овогодинешниот „Автор во фокус“ на фестивалот – македонскиот драмски автор Дејан Дуковски.
Неговите текстови, препознатливи по силниот драмски израз, современиот јазик и длабоките општествени теми, со години се присутни на македонските и светските сцени. Преку ова видео, публиката ќе има можност поблиску да се запознае со творештвото на Дуковски и неговото значење за современата македонска драматургија.
Видеото претставува уште еден значаен сегмент од програмата со која се одбележува јубилејното 60-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, фестивал што шест децении ја негува и афирмира македонската театарска уметност.
Ова е авторскиот тим кој го создаде видеото:


Автор на текст:
Христина Цветановска Станкоска
Уредник:
Петар Антевски
Чита:
Ангела Стојановска
Графички дизајн:
Ема Велковска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Директор на фотографија:
Диммитар Атанасоски
Монтажа:
Тина Величковиќ

Линк до видео:


Сподели на социјалните мрежи